Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ФЗОМ ќе ги стимулира руралните матични доктори со повеќе пари и подобри услови за работа

Подобри услови за работа, повисоки примања за матичните доктори и поблаги казнени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобри услови за работа, повисоки примања за матичните доктори и поблаги казнени политики – ова беше договорено помеѓу менаџментот на Фондот за здравство и Здружението на приватни лекари. Се поизвесно е дека од следната година матичните  добијат повисок капитационен бод од 75 на 100 денари. Директорот на фондот вели дека на 3 декември ќе биде познато колкав ќе биде буџетот на ФЗОМ и од тоа ќе зависи колку ќе се зголеми капитацијата.

“Бараме сигурност, да можеме на вработените да им даваме квалитетни плати, да исплаќаме К-15, да ги задржиме и да не се прелева нашиот кадар во јавното здравство. Ако платите се покачуваат само во јавното здравство, нашите медицински сестри од приватното ќе се прелеат во државното здравство. Не е целта да го дестабилизираме примарното здравство кое е основниот чувар на здравјето за сите. Нас ни требаат ординации и во Дебар, и во Дојран и во Валандово. Само така ќе го задржиме народот таму” – истакна Чолакова Дервишова.

ФЗОМ  сака да ги стимулира руралните лекари и да се отворат повеќе амбуланти во селата. На докторите во помалите места ќе им биде дозволено да работат без медицинска сестра до две години, бидејќи во помалите места потешко е да се најде таков кадар. А ќе добијат и стимулативни пари.

Реклама

“Затоа мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Ќе им биде дозволено да работат без медицинска сестра следните 24 месеци во кои мора системски поглед да дадеме на прашањето за тоа како ќе функионираат понатаму. Зголемени се бодовите за руралните доктори за 22.500 денари се зголемени фиксните примања на руралните доктори зашто имаат зголемени трошоци и зашто патуваат до ординациите”, рече директорот Сашо Клековски.

Здравствените власти велат дека примарната заштита е првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и има посебно значење  за целокупното лекување и следење на здравствена состојба на пациентот. Кај матичниот лекар секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга и  рано откривање на определени заболувања што е од огромно значење за превенцијата.