Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фани Сорос работеше да го донесе на власт Заев, кој на Македонија ѝ ги направи најголемите национални предавства

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев. Заев ја води СДС преку неговиот неврохирург, Венко Филипче, кој е негова продолжена рака и преку избраните 40 потрчковци, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

„Неврохирургот на Заев, Филипче, на кој живи му изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово и кој без трошка срам и грижа на совест не понесе никаква одговорност, сега се продава како ново лице во политичката сцена.

Но секако, освен неговите 40 потрчковци желни за власт и позиции, никој друг не им верува, дури ни нивните членови, а најмалку македонските граѓани.

Реклама

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче освен што нема никаква грижа на совест и чувство за одговорност, очигледно е опериран и од срам, па така на партиската игранка за негова заменичка ја избрал поранешната претседателка на Сорос во Македонија“, нотираа во соопштението.

-За Фани Каранфилова Пановска, неврохирургот на Заев, Филипче рече дека во себе ги имала социјалдемократските вредности, а истата таа во Сорос земала плата од 3.400 евра.

Од јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија, можеме да видиме дека за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. А на просечен македонски граѓанин, па и чесен член на СДС им треба пет години да работи за да стигне до оваа баснословна сума која, Каранфилова Пановска ја земала во една година.

Како со ваквите астрономски месечни хонорари и скапи журки по елитни хотели во Дубаи, неврохирургот на Заев, Филипче и потрчкото Каранфилова Пановска ќе им објаснат на јавноста дека се грижат за потребите на граѓаните и дека ќе креираат политики за доброто на државата, соопштија од партијата.

„Освен ова, Каранфилова Пановска не може да биде ново лице, затоа што таа е дел од луѓето коишто работеа да го донесат Зоран Заев на власт, кој пак е причината за катастрофалниот пад на СДС, но и за назадувањето на Македонија.

Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДС и дел од 40-те потрчковци на чело со неговиот неврохирург, Венко Филипче.

Сите лица во сегашното раководство на СДС се продолжение на партијата од периодот на владеење на Заев, кога на Македонија и донесе многу национални порази. Во СДС ништо не е сменето, а најмалку Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.