Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините, најави Меџити

Урбаниот транспорт е еден од главните фактори за аерозагадувањето, затоа утре шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Урбаниот транспорт е еден од главните фактори за аерозагадувањето, затоа утре шест електрични автобуси ќе бидат донирани на Градот Скопје, односно на ЈСП, додека пред одлука сме Владата да купи 100 до 120 електрични автобуси кои што потоа ќе бидат донирани на јавниот транспорт по општините, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Во однос на аерозагадувањето, Меџити рече дека ова не е проблем од денеска и дека треба да се насочиме кон причините, а не кон последиците.

– Прво, природата направи овие денови Скопје и другите градови да бидат на врвот по загадувањето. Второ, ова не е од денеска, значи е подолго. Добро е што периодот кога имаме загаден воздух се стеснува. Трето, јас сум повеќе да се занимаваме со причините, отколку со последиците, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по посета на локацијата каде беше предвидена изградба на асфалтна база во индустриската зона Визбегово.

Реклама

Како главни причини за аерозагадувањето, Меџити ги посочи греењето и урбаниот транспорт.

– Главен фактор е тоа што индивидуалните и колективните домувања се греат на се и сешто, што не е по нивна вина. Мислиме во овој дел да го вратиме проектот за гасификација и тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето, второ да се субвенционира и луѓето да се враќаат на централно греење, бидејќи тоа е уште почисто од гасификација, изјави Меџити.

Меџити, исто така, најави и промоција на уште еден проект за споделување на возила, кој функционира во европските градови.

МЖСПП, нагласи Меџити, работи и презема мерки согласно одлука и акционен план од Владата.