Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

И приватните градски превозници од понеделник повторно ќе возат во Скопје

Приватните превозници се враќаат на улиците, од понеделник наутро,  но не во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приватните превозници се враќаат на улиците, од понеделник наутро,  но не во целосен капацитет. Со цел да помогнат граѓаните да не чекаат со часови по станиците на минусни температури ќе возат и наутро, наместо само попладне како што беше подолг период. Тие велат дека ќе возат онолку време колку што ќе имаат финансиска можност и со ваквиот потег подаваат рака кон градските власти за да се решат нивните проблеми.

Приватните превозници бараат состанок во проширена форма со градските власти и Владата. Се бара покачување на цената по километар и раст на платите согласно растот на трошоците за живот оти вака не можат да опстојат. Бараат да бидат плаќани преку градот, а не преку ЈСП.

Владата пак крои долгорочно  решение кое треба да им овозможи на граѓаните стабилен превоз. Се анализира финансиската можност за набавка на над  стотина електрични автобуси кои ќе бидат не само за Скопје туку и за останатите општини каде има организиран јавен превоз

Реклама

Инаку, Владата на вонредна седница одобри  250 илјади литри нафта  од државните резерви за ЈСП како привремено решение по колабсот на јавниот сообраќаен превоз во средата и четвртокот кога на улиците имаше само 25 автобуси. Оваа количина ќе биде доволна за неколку дена и затоа Премиерот Мицкоски апелираше до ЈСП да ги набави количините кои се потребни за да може претпријатието да функционира.

ЈСП се снабдуваше со гориво од нафтената компанија Пуцко петрол, кон која има долг од 10 милиони евра. Договорот беше склучен во 2022-рата година, во вредност од 27 милиони евра, по 118 денари за литар.