Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Когрес за консолидација или нови поделби? – СДСМ утре го бира новото раководство

Конгрес за обединување или за нови поделби на Бихакќа – СДСМ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конгрес за обединување или за нови поделби на Бихакќа – СДСМ на 30-тиот двоен конгрес треба да го изберат новото раководство и да ги дефинираат идните политики. Прво ќе биде отчетниот, кој требаше да се оддржи во јуни, но пропадна, бидејќи според шпекулациите не биле присутни доволен број делегати, а според партијата, им требало повеќе време за анализа.

Во вториот дел ќе се бираат Централниот и Надзорниот одбор. Ниту едно име досега не проциркулира во јавноста за тоа кои се можните кандатите кои се ќе се најдат во самиот врв на партијата .

  • „Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор). На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче“ рече Богданка Кузевска – портпарол на СДСМ.

Ново-избраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче чиј мандат завршува во март идната година, дури утре ќе каже со кои партиски другари сака најтесно да соработува. Најинтересна е позицијата заменик-претседател – позиција на која досега била жена – прво Радмила Шекеринска, па Сања Лукервска. Се претпоставува дека повторно ќе биде жена.

Реклама

Во периодот после изборите и катастрофалниот пораз, досега најголем во историјата на партијата, членството наместо да се консолидира, на површина излегоа бројните поделби и несогласувања. Екс-градоначалникот на Центар и висок функционер на Бихаќка, Саша Богдановиќ, за Алфа неодамна рече дека СДСМ треба да се реорганизира, бидејќи загубиле дел од нивните клучни бастиони.

  • „Мислам дека сега за сега е се уште рано да се бараат избори, мислам дека пред се треба да се занимаваат со избор на раководство, со изработка на програма, односно што е тоа што ќе им се понуди на граѓаните, бидејќи наредна година се и локални избори, а знаеме дека веќе во неколку клучни бастиони на СДСМ се доживеа многу лош резултат“ рече Саша Богдановиќ во изјава за Алфа на 10.11.2024 година.

Јован Деспотовски, кој беше и кандидат за лидер на СДСМ, за Алфа отворено зборуваше за проблемите на партијата, но и за актуелните истакнати членови.

  • „Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново“, изјави Деспотовски 11.11.2024.

За недоразбирањата , поранешниот градоначлник на Скопје Петре Шилегов пишуваше по социјалните мрежи и обвини за „заробена партија“.

  • „Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, се вели во објавата на Петре Шилегов на Фејсбук. 

Според најавеното, утре ќе се формира нов Централниот одбор, кој подоцна ќе ги избере партиските потпретседатели и генералниот секретар, а за прв пат ќе има избор на двајца организациски секретари за засилување на оперативната работа на партијата.