Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Стојаноски: Спасовски 9 години беше министер во МВР, сега поднесува амандмани за подобрување на МВР

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говорејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говорејќи кон пратеникот Оливер Спасовски, истакна жалење што до сега иако тој бил министер повеќе години, па дури и премиер, не спровел закони за подобрување на припадниците на МВР, туку сега во опозиција го бара истото.

„Безобразно ми е вие да поднесувате вакви амандмани за подобрување на МВР, како овој, така и за наредните, кога евидентно сите состојби коишто настанале во однос на овие потреби, настанале  затоа што вие министерството што сте го воделе девет години, не  сте ги администрирале добро’’, појасни Стојаноски.

Стојаноски дополни дека во владеењето на Спасовски како министер за внатрешни работи, ниту една работа немаат завршено и се фалат само со Скопје 2014, прислушувањето и поранешни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ни за тие нема одговорност.

Реклама

„За прислушкувањето кој одговараше, Спасовски? Дали некој е во затвор? Не. Тој што избега од границата на државата, дали некој одговараше за неговото бегство’’, праша Стојаноски  и дополни.

„Кој одговараше за сите злодела во изминатото време од 11 години, сакате да Ви кажам. Поранешната Ваша министерка од МВР. Четири и пол години ги излежа за набавен мерцедес. Каде е тој мерцедес господине Спасовски? Кој велеше пред Владата ќе го продадеме мерцедесот и ќе купиме возила за брза помош?’’, нагласи Стојаноски и додаде дека киселата насмевка на лицето на Спасовски, јасно кажува се.