Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Мерко може да остане и без ингеренции над градинките?!

Струшките негувателки повторно извисија, тврдат дека од месец септември не добиле скршен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшките негувателки повторно извисија, тврдат дека од месец септември не добиле скршен денар.Наместо решение за работа и пристојна плата, 20-те негувателки кои скоро 2 децении се ангажирани со договор на дело во градинките, свиткаа кичма и редовно одат на работа, за без пари. Раководството на градинката ги врати со лажни ветувања дека од почеток на месец октомври до крајот на годинава ќе добиваат минимална плата и осигурување, а од следната година наводно ќе се барало согласност за нивно вработување од министерството за социјална политика.

Се обидовме да стапиме во контакт со в.д. директорката Десанка Бошњакоска но таа повторно не одговори на повиците, нити на прашањата кои и ги испративме по електронски пат. Од регионалната организација на СОНК бараат итно решавање на статусот на негувателките.

„Знаеме дека има многу деца што чекаат, а нема можности да се примат сите деца,нема редовни вработувања. Проблемот не е само на тие што сакаат редовно вработување, проблемот е поголем затоа што нема кој да се грижи нормално за децата во градинките.Групите се над нормативите, колку што знам јас.Во тие групи има и деца со посебни потреби, тие бараат посебен третман“–вели Неби Арифи-претседател  СОНК Струга

Реклама

Во министерството за социјална политика прашавме дали и за колку негувателки од 20-те е побарано вработување од раководството на градинката?

„Основач на детска градинка „8 Март“ е општина Струга. За пополнување на слободно работно место ,директорот на установата донесува одлука за потреба од вработување на работници. До Министерството за социјална политика доставени се пет барања за финансиска согласност за вработувања со датум 12.11.2024 година и истите се проследени до министерствотото за финасии како надлежен орган“ –Министерство за социјална политика

Градинките се под капа на општините кои пак ангажираат негуватели на определено време преку Агенција за привремени вработувања, а ги плаќаат колку им е кеиф. Инаку Државниот трудов инспекторат своевремено откри дека спротивно на законот за работни односи биле потпишувани договори на дело кои ги склучувале не само негувателките, туки и други ангажирани лица како хигиеничарки, садомијачки и вoспитувачки.Неизвесно е дали министерството за социјална политика ќе му ги одземе ингеренциите на Рамиз Мерко и над градинките,бидејќи законска можност постои. Одземање на надлежност е пропишано со Законот за заштита на децата и истото може да се спроведе доколку општината или градоначалникот не постапат по одредени укажувања од министерството.

Росица Голабоска