Реклама
Македонија

Кешишев го смени исказот: Палчо не бил со нив во деновите на грабнувањата и убиствата на Вања и Панче

По два месеци од кога седнаа пред судијата Ивица Стефановски обвинетите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По два месеци од кога седнаа пред судијата Ивица Стефановски обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче на 22-ри и 27-ми ноември лани,  Влатко Кешишев испрати нова изјава за случувањата. Во своерачно напишно писмо до судот, Кешишев, сега вели дека Палчо не бил со нив двата дена, односно „спиел во штабот на партијата „Десна“. Според ова писмо, Кешишев тврди дека Палчо не учествувал во грабнувањето и убиствата, а тој под закана на Велибор Манев, првично лажно изјавил пред полицијата и обвинителството дека сторителот е Палевски. Обвинетиот Влатко Кешишев, кој според досегашните сведочења, се однесувал како потчинет на Палевски, го напишал писмото од ќелија во Шутка и го испратил во судот без да знае дури и неговиот адвокат.

  • „Тој има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам, дека можеби некој го присилил или му се заканил“рече Адвокат на Влатко Кешишев, Игор Ефремов.

На адвокатот на Видевски, не му е логично менувањето на изјавата на Кешишев сега.

  • „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив“ рече адвокатот на Видевски.

Изјавата на Кешишев беше доставена пред да почне испрашувањето на нови тројца сведоци. Меѓу нив беше возачот на Палчо, кој го превезуваше од Белград до турски Беликесир, Стефан Димковски. И тој беше осомничен и помина 30 дена во притвор, а потоа пуштен. Според неговото сведочење, Палевски на први декември го викнал во Белград за да го врати во Македонија, и така и било се до Ниш. Ја поминале ноќта тука, и тогаш Палевски му кажал  дека наместо во Скопје, треба да го врати до Белград за потоа да лета до Турција. Палевски го убедува Димковски да го однесе директно во Истанбул, за да направел прегледи за операција. Наместо во Истанбул, завршуваат во Беликесир бидејќи смештајот таму бил поевтин според кажувањата на Димковски, па Палчо си плаќа кирија за три месеци во куќа. Димковски во неделата утрото на трети демекври решава да се враќа во родната Струмица, но тогаш Палчо му кажува што се случувало во Скопје и претресот во партискиот штаб.

Реклама
  • На појадокот тој разгледуваше опции и рече „не знам овие што ми смислиле, можеби треба некаде да барам политички азил“. Му реков ова е сериозна работа, дека треба да се расчисти „Најубаво е да си дојдеш“. Рече „да видам, не сакам да ме задржат во притвор во Турција“.И тогаш ми рече ова е тешка местенка, сачекуша голема“ рече Димковски.  

Сведочеа и двајца познаници на Палевски кои лани во ноември-декември го барале бидејќи требало да им заврши работа. Еролд Османи му пратил порака на Палчо на 22-ри, кога е грабнат Жежовски, за да му го поправи котелот за греење. Ама Палевски дошол дури на 28-ми ноември. Со ова Османи му го поби тврдењето на Палчо, дека тој му го поправал котелот на 22-ри.

  • „На 22.11 јас имам пуштено фотографија и порака преку месинџер, фотографија од моторот на котелот. Не ми одговори и му праќав пораки до 27 ноември, и на 27 ми навечер во 23,30 часот во кој што вели „одма сум подобар“, одлежав неколку саати. А претходно се слушнавме на телефон кај што ми кажа дека е болен. Ми рече „ќе поминам сабајле со лаптоп“.

Другиот сведок, Ламбе Бучков го барал Палчо, кој му должел 15-тина илјади евра во врска со зградата позната како „Тифани“. Бучков рече постојано поминувал во седиштето на Десна за да си ги бара парите, а критичниот период се допишувал со Палевски.

  • „Се слушнавме од Белград, ми рече дека таму е отиден за кичмата и додаде дека му се јавил Влатко од партијата во Скопје и му кажал дека полицијата го барала зошто сакала да земе некое возило. Некој пикап. Ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, но дека имал состаноци во Бугарија и во Турција“, рече Бучков.

Судењето за киднапирањата и убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски продолжува во понеделник со испрашување на нови тројца сведоци.