Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Нема зима за патиштата – надлежните подготвени за асфалтирање и реконструкции и на ниски темпертури

Интензивна изградба на  нови патишта, но и рехабилитација на веќе постоечките, најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивна изградба на  нови патишта, но и рехабилитација на веќе постоечките, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Предвидени се обиколници кај Кавадарци, Ресен и Битола до Меџитлија.  Во фаза на еваулација е патот од Скопје до Блаце, за кој веќе во април се очекува да се распише тендер за изградба. Активно се работи и на новата делница од Кичево до Гостивар, а од наредната година ќе се започне со проектирање на патот од Куманово до Страцин. Ќе се работи и на поврзување со соседна Албанија.

„Наместо да идеме на Ќафасан, горе да се направи тунел од наша и од албанската страна. Веќе има прелиминиарни договори со албанската Влада. По пола да се финансира тој тунел, така да ќе биде многу поплесно, побрзо и побезбедно движењето помеѓу Македонија и Албанија „ изјави Коце ТРајановски, директор на ЈПДП.

Веќе е започната и реконструкцијата на една од црните точки во близина кај приградската населба Карорман,  кој ги поврзува Штип и Карбинци.

Реклама

„Преку ЈП, се вложени околу 30милиони денари за потребите на сите жители кои транзитираат по овој патен правец„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

„Во идно време ќе работиме на проширување на самата траса, онаму каде е најкритично„ изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Зимските температури нема да бидат пречка за асфалтирање  и реконструкција на патната инфраструктура. Ќе се работи со технологија на таканаречено зимско асфалтирање, односно ќе се коеистат адетиви, кои веќе се пракса во Западна Европа.

Александра Ристевска