Реклама
Свет

Трамп до Бајден: Политиката често и не е така пријатен свет

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.

Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд – рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој,

Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.

Реклама

Трамп одговори: „Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“.

Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.

Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, напиша двостранично писмо за Бајден и го остави во фиока во работното биро