Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Министерот Меџити оствари средба со Тим Ларднер

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.
 
Меџити му посака добредојде на Ларднер во нашата земја, истакнувајќи благодарност за соработката и поддршката која УНОПС ја дава за Република Северна Македонија.
 
”Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина, а нашата соработка со UNOPS и проектот “ЕУ за чист воздух“ е важен чекор во нашите напори за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја”, рече Меџити, додавајќи дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме, ние како држава и регионот.
 
Преку проектот „ЕУ за чист воздух“ на Европската Унија и во соработка со УНОПС, добивме нови можности за имплементација на мерки кои директно ќе влијаат на подобрување на здравјето на граѓаните и создавање почиста животна средина. Како одличен пример за успешноста на соработката е и проектот во ОХИС за санација на малата депонијата со линдан, се согласија Меџити и Ларднер.
 
“Овој проект е од исклучителна важност, бидејќи се занимава со сериозен еколошки проблем, чистење на површина истриски загадена со штетни органски материи”,изјави Меџити.
 
Регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер на средбата со Меџити изјави дека УНОПС е подготвен да даде поддршка во евроинтегративниот процес на земјата, во делот на изготвување и реализација на приоритени проекти и активности во согласност со националните приоритети за заштита на животната средина.