Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати

-Стратешкиот однос со САД е еден од постулатите на нашата надворешна политика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Стратешкиот однос со САД е еден од постулатите на нашата надворешна политика и моето очекување е дека интензитетот на таа соработка ќе продолжи – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во гостување на една од националните телевизии.

Осврнувајќи се на неодамнешната посета на САД и учеството на Генералното собрание на Обединетите нации, Муцунски истакна дека односите со Вашингтон се развиваат на повисоко ниво и со сè поконкретна содржина.

Според него, тоа се потврдува преку интензивната комуникација со американската администрација, Конгресот и финансиските институции, како и преку поддршката за инвестиции во стратешки сектори.

Реклама

Министерот нагласи дека земјава бележи значителен раст на трговската размена со САД и зголемен извоз кон американскиот пазар, што, како што рече, придонесува за зачувување на работните места и за натамошно ширење на капацитетите на домашните компании ориентирани кон извоз.

Тој информира дека продолжуваат разговорите со Американската меѓународна развојна финансиска корпорација (DFC), како и со други американски партнери за потенцијални инвестиции во земјава, при што посебно ја издвои иницијативата „Trade Over Aid“, насочена кон поттикнување на стратешки инвестиции и економска соработка.

Во интервјуто Муцунски се осврна и на критиките од опозицијата поврзани со настапот на македонската делегација на Генералното собрание на ОН, оценувајќи дека дел од пласираните информации не кореспондираат со фактите.

Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски и неговата сопруга биле поканети и присуствувале на приемот организиран од американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.

Муцунски ги отфрли и тврдењата за бројноста на делегацијата, наведувајќи дека нејзиниот состав не отстапувал од форматот што државата го практикувала и во претходните години на најголемиот годишен мултилатерален собир на Обединетите нации.

Тој порача дека надворешната политика останува насочена кон натамошно јакнење на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, со фокус на претворање на политичките односи во конкретни економски придобивки за стопанството и граѓаните.