Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

ВЛЕН: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ!

Секојдневно, една по една се рушат лагите на ДУИ! Оваа партија 22…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневно, една по една се рушат лагите на ДУИ! Оваа партија 22 години владеше замајувајќи ја јавноста со лаги и дезинформации, а истото го прават и од улога на опозиција.
Последен е обидот да се збунат граѓаните на Сарај со тврдењето дека бројот на албански советници во Општина Сарај ќе се намали врз основа на пописот од 2021 година – закон за кој тие самите гласаа.

ВЛЕН го демантира в.д. градоначалникот на Сарај, Илас Весели, и неговиот диригент Блерим „Ќосето“ Беџети за објавената лага дека ќе се намали бројот на советници во Општина Сарај, според кои општината во моментов има 23 советници, а со следните измени ќе има 19 советници. Ова е невистина и целосна лага.

Тоа го демантираме преку следните факти: Општина Сарај имаше 19 советници и со последната одлука на Владата повторно ќе има 19 советници.

Реклама

Имињата на актуелните советници во Општина Сарај се објавени на официјалната страница на општината, можете да ги видите и проверите. Има 19 советници со име и презиме, и затоа не знаеме каде се денес тие четворица колеги советници на Весели, кои според него се 23.

Затоа, ВЛЕН бара Блерим Ќосето Беџети, заедно со неговиот наследник, да сведочат и да ги откријат имињата на 23-те наводни советници. Појаснуваме дека нивните лични советници не можат да бидат вклучени во списокот на општински советници.

Потсетуваме, пописот на населението се спроведе во време кога ДУИ беше на власт, па затоа немаат право да се жалат на евентуалните последици од пописот, бидејќи кога требаше да се зборува, тие избраа да молчат. Ова незнаење досега е невидено, всушност, го открива незнаењето на оние кои се плашат од вистината за сопствената безвредност.

Ја потсетуваме јавноста дека другата лага што се разоткри е тврдењето на ДУИ дека Коридорот 8 нема да се гради. И овој коридор ќе биде направен, а е приоритет над приоритетите на коалицијата ВЛЕН и нашата Влада. Апелираме до ДУИ да најде покреативни форми за водење политика, а не со лаги и клевети.

Лагата има рок на траење се додека може да се одбрани од лажговците, додека имаат власт., а лагите и манипулациите завршија со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт и ќе ги разоткриеме сите лаги што ДУИ сака да ги пренесе во јавноста.
На ВЛЕН му треба конструктивна опозиција, а не опозиција која само се обидува да создаде магла и конфузија.

Се вели во партиското соопштение од ВРЕДИ.