Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Министерството за дигитална трансформација унапредува систем за интернет измами

Министерството за дигитална транформација го унапредува центарот за безбеден интернет со кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална транформација го унапредува центарот за безбеден интернет со кој граѓаните ќе имаат можност да пријавуваат интернет измами и безбедно да вршат трансакции. За министерот Стефан Андоновски дигитализацијата е една од клучните реформи на владата бидејќи околу 88% од македонските домаќинства и граѓани се корисници на дигитални услуги што не прави една од водечките држави во регионот. Министерството  работи на новини со кои се развива вештачката интелегенција и целиот дигитален систем кој ќе им даде повеќе можности на јавниот и приватен сектор.  

“Во таа насока е центарот за безбеден интернет на којшто работиме, којшто ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите кои ќе може да препознаваат ваков тип на измами на интернет, и, секако тука од особено значење и луѓето коишто се злоупотребени да пријавуваат. Тука влегуваат и лицата кои моредно се нарекуваат инфлуенсери, но и доктори и јавни личности коишто ќе забележат дека се злоупотребени веднаш да пријават за да може да реагираме” истакна министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски.

Од асоцијацијата за е-трговија задоволни од соработката со министерството за дигитална транформација, сметаат дека со центарот за безбеден интернет ќе се зголеми користењето на електронските алатки од страна на граѓаните кои главно се скептични со купувањето на интернет поради безбедносни причини или ниско ниво на вештини за користење на електронските алатки, оттаму најавија и новини со кои ќе се зголеми меѓуграничната е-трговија, но и унапредување на домашниот пазар кој во моментов кај нас е главно базирана на трансакции кои во просек се движат од околу 50 евра од купувач.

Реклама

“Постојат бројни бариери зошто граѓаните ретко купуваат од интернет, една од нив е секако довербата да се стави картичката на интернет, но исто така и довербата дали ќе им стигне производот. Друга бариера е ниското ниво на вештини за користење на дигиталните алатки” изјави Нина Ангелова, претседател на асоцијацијата за е-трговија.

Инаку, годинава се одржува седмата конференција за е-трговија на која присиствуваа околу 700 учесници од земјава, регионот и повеќе земји од Европа. Фокусот покрај е-трговијата е насочен и на нови решенија за плаќање на услугите, како и маркетингот и вештачката интелегенција.

Даниел Ѓорѓевски