Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Трајков: Младите се највредниот ресурс на една нација – да ги задржиме дома

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска присуствуваше на првиот настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска присуствуваше на првиот настан од проектот „Дијалог на граѓанското општество меѓу Македонија и Бугарија“, финансиран од Европската Унија, кој се фокусира на темата „Човечки развој – млади и одлив на мозоци“.

Во своето обраќање, заменик министеркaта Трајков истакна дека задржувањето на младите и на талентираните кадри е приоритет за Владата и ги повика сите чинители на заедничка соработка за создавање амбиент во кој младите ќе можат да ги остварат своите потенцијали и да ја градат својата иднина во Македонија.

„Сите ние сме свесни дека квалитетната, амбициозна и образована младина е највредниот ресурс на една нација. Сепак, сведоци сме на тренд кој не може, а да не не загрижува – сѐ повеќе млади ја гледаат својата иднина надвор од земјата. Економските можности, подоброто образование и квалитетниот живот се само некои од причините кои младите ја напуштаат државата. Затоа овие алармантни бројки треба да не освестат и да не потсетат дека наша одговорност како општество, и пред сѐ како носители на одлуки, е да ја промениме оваа состојба, истакна доцент д-р Викторија Трајков во своето обраќање на работилницата на тема „Човечки развој – млади и одлив на мозоци“.

Реклама

Треба да создадеме услови за пoквалитетно образование, истакна Трајков, но истовремено додаде дека треба да создадеме економска и политичка стабилност што ќе овозможи стабилно вработување, конкурентни плати и фер услови за работа.

„Визијата за нашето општество мора да биде таква што ги вклучува младите како рамноправни партнери. Тоа значи да ја слушнеме нивната визија за иднината, да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки и да им овозможиме да видат перспектива и иднина во земјата. Секој млад човек кој ќе остане и ќе придонесува дома е нова вредност за нашето општество и за иднината на нашата држава, истакна таа.

На тркалезна маса на која беа вклучени креаторите на политики и носителите на одлуки од Македонија и Бугарија, се разменија искуства и се претставија конкретни мерки и стратегии за намалување на „одливот на мозоци“.

Оваа иницијатива има за цел да го поттикне дијалогот и соработката меѓу граѓанските организации и институциите од Македонија и Бугарија во справување со предизвиците поврзани со човечкиот развој и одливот на таленти од регионот.