Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Скопје – четврти најзагаден град во светот

Скопје изутрината, беше четврти најзагаден град во светот. Пред, главниот град на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје изутрината, беше четврти најзагаден град во светот. Пред, главниот град на Македонија, се најдоа Лахоре во Пакистан, Њу Делхи во Индија и Ханој во Виетнам.

Според податоците на платформата „АЈ-КЈУ-ЕР“, воздухот во Скопје беше означен во категоријата „нездрав“, со концентрација на „пм 10“ честичките, од 85,5 микрограми на еден кубен метар воздух.

Од градовите во регионот, најблиску до Скопје е Сараево на шестото место. И според податоците, од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа, на полноќ, во сите скопски општини, загаденоста на воздухот со „пм 10“ честичките, била над дозволената концентрација од 50 микрограми.

Реклама

Според овие мерни станици воздухот беше загаден и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.