Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мицкоски: Жестока ќе биде борбата со жилавите инсталации на СДСМ и ДУИ во судството и во обвинителството

Борбата за спас на судството од инсталациите од пратходната власт кои довербата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата за спас на судството од инсталациите од пратходната власт кои довербата ја паднаа на 2% ќе биде тешка, бидејќи се очекува тие жилаво да се борат за да ги задржат функциите. Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека власта сепак ќе извојува победа во целата битка за независно судство и ослободување на судскообвинителскиот систем од канџите на политичарите.

Свесен е дека процесот ќе биде исцрпувачки, но најважно според него е да има правда во Македонија, а граѓаните да веруваат во системот.

Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка. Малкумина се слепи послушници на претходната влада, но ќе победиме а тоа што сум го кажал сум го направил. Тие ќе бидат поразени а македонските граѓани ќе добијат правда. Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и борбата со нив ќе биде долга и жестока во обвинителството и во судството, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.

Реклама

Последниот скандал со членовите на Судски и Обвинителски совет и нивниот упад во Управниот одбор на Академијата предизвика уште еден земјотрес, во и онака разнишаното правосудство. Антикорупциската комисија регистрираше судир на интереси, бидејќи едни исти судии и обвинители, си членувале и во советите и во Академијата. Комисијата порача, советите да пеземат мерки со кои ќе ги стават вон сила одлуките со кои нивните членови беа назначени за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Со години граѓаните се сведоци на низа скандали во судовите и обвинителствата. Оние кои треба да донесат правда, ја заробија во јазлите на политичките амбици и личните интереси. Корупција, лични врски, непотизам, тесни интереси – вака е отсликан судскиот пејзаж. Токму поради ова, Европската Унија и повеќето меѓународни институции често се многу критични и бараат што поскоро да се спроведат реформи.

Премиерот во повеќе наврати ја повика правната фела и невладините да дадат свои мислења за реформирање на правосудсниот систем.