Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Глумење мачо политика: СДСМ бара предвремени избори без никаков основ за успех на истите

Глумење мачо политика, без никаков основ за успех. Ова е начинот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Глумење мачо политика, без никаков основ за успех. Ова е начинот на дејствување на македонската опозицијата со барањето на предвремени парламентарни избори. Според познавачите ова е класичен опозициски фолклор, со цел привлекување на некакво внимание на јавноста. Новинарот Бранко Героски за Алфа вели дека на СДСМ во моментов е во многу тешка ситуација и избори најмалку им се потребни.

-Во моментов состојбата во партијата е тешка, тоа го признаваат сите, некои погласно некои молчешкум. Во секој случај партија во таква состојба во принцип не треба да бара избори. Повиците од лидерот Венко Филипче ги оценувам како класичен фолклор, мачо политика, нешто што е веќе видено на нашите простори, изјави Героски.

Барањето на СДСМ за предвремени избори, доаѓа откако тоа претходно го побара ДУИ. Очигледно не се менува начинот на работа во сега опозициската партија, односно се следи начинот на работа на партијта на Ахмети. Според Героски во моментов избори не му се потребни ниту на ДУИ. А кога е СДСМ во прашање вели потребно е прво да се структуираат внатрепартиски, бидејќи партијата се уште нема ниту раководство.

Реклама

-Нема логика во барањата за предвремени избори и од СДСМ и од ДУИ. Во случајот на СДСМ партијата е пред два конгреса. Едниот конгрес е сега на кој треба да се изберат новите делегати на конгресот, новите раководни тела, а во март догодина на актуелниот лидер му истекува мандатот. Така што на СДСМ и претстојат внатрешни, кадровски реформи, идеолошки реформи, промена на политичката програма, изјави Героски.

СДСМ во мај годинава го доживеа најтешкиот пораз во историјата, освои само 18 пратеници, а според моменталните мерења на јавното мислење нивниот рејтинг е многу понизок во однос на власта. Според последната анкета на ИПИС, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 26 проценти, додека СДСМ е на рамниште со ДУИ и коалицијата Вреди, со доверба од седум проценти. Премиерот Мицкоски пак има рејтинг од 27,8 проценти, додека Венко Филипче само 5,5.

Матеја Петровски