Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Антикорупциска со кривична против Бисера Костадиновска Стојчевска за луксузното патување во Лондон

За плишаните мечиња, куферите самсонајт и луксузното патување во Лондон на државна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За плишаните мечиња, куферите самсонајт и луксузното патување во Лондон на државна сметка, поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска заработи кривична пријава од Антикорупциска. Антикорупционерите оформиле предмет по допрен глас и по проверките констатирале дека екс министерката си ја употребувала службената картица за шопинг, а парите ги правдала дека се потрошени за репрезентација. Поконкретно 280 фунти исцицани од службената картичка, Костадиновска Стојчевска  ги оправдала како да се за репрезентација, а за шопингот од 580 фунти, министерката ги правдала како да се наменети за службени цели.

Костадиновска Стојчевска минатата година во октомври остварила билатерална средба во Лондон. Таа зела аванс од 1300 фунти од Министерството за култура. Купувала плишани мечења, куфери, играчки со ликот на Хари Потер, чорапи, хулахопки, фудбалски топки употребувајќи ја службената картичка.

Антикорупциска пред два месеци отвори предмет по допрен глас откако ВМРО ДПМНЕ  на пресконференција обелодени за развратното трошење државни пари на министерката за време на нејзиното патување.

Реклама

Исто така, ВМРО ДМПНЕ обвини и за како што велат нејасното патување на Костадиновска Стојчевска во Виена, каде наместо да потроши минимална сума, односно како што се движи, околу 450 ерва за сместување, таа си изнајмила стан за наеверојатни 1200 евра. На патувањето според обвинувањата ја зела и својата другарка и ја сместила во луксузниот стан на државна сметка.  Според сомневањата, поранешната министерка со народни пари се гостела со бизонско месо во луксузни ресторани во Виена.

Низата луксузни патувања на поранешната миниситерка продолжува. За патувањето во Ријад, потоа во Брисел, земала речсии 3000 долари кеш од Министерството. Со тие пари според обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ купувала куфери, дресови, козметички производи и кошули.

Исто така, купила карти за Дубаи од 3000 евра како за службено патување, а потоа не отишла. Картите се купувани со пари од Министерството за култура.

Ова е втора кривична пријава за Бисера Костадиновска Стојчевска. Обвинителството отвори истрага за случајот со реконструкцијата на Универзална сала.Според МВР, поранешната министерка не спровела јавен тендер за избор на фирма што ќе гради, туку исплатила 440 илјади евра на компанијата што требала да ја реконструира салата, а рокот во постоечкиот договор со Град Скопје, веќе бил изминат.

Паула Костадиноска