Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Николоски: Браната на Отињa во Штип ќе ја завршиме до 2026 година, определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзина доизградба

Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме. Определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзината доизградба, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната посета на општина Штип.

„Вчера се распиша тендер за доизградба на браната на Отиња, што конечно ќе значи завршување на овој долго ветуван проект. Определивме 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде 8 милиони евра кои што ќе се инвестираат во изградба на браната и оваа брана ќе има значење не само за Штип туку и за целиот реион бидејќи покрај за наводнување ова езеро ќе биде и за рекреација и ќе значи за сите граѓани од Источна Македонија. Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa да стане за Источна Македонија. Ова е проект кој што многу влади го ветувале, еве конечено со тендерот што вчера го распишавме ќе го завршиме. Можам да ветам дека до крај на 2026 година ќе биде завршено езерото, а веќе 2027 година во летната сезона да се користи. Вкупно смо оваа година за Штип инвестираме 12, 5 милион евра“– изјави министерот Александар Николоски.