Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

СДСМ и ДУИ ги злоупотребиле и ИПА средствата

Изминатите 7 години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатите 7 години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа скандали, економиски неуспеси и договарање на тендери во четири очи. Наместо креирање на политики за подобрување на економијата и раст на животниот стандард на граѓаните, секојдневно на виделина излегуваат низа компромитирачки и неуспешни политики на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој пат според извештајот на ДЗР за 2023година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени многу нерегуларности.

По контрола на ОЛАФ, поради злоупотреба со ИПА средства, средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата.

Реклама

Во Извештајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата.

Парите кои се исплатени за злоупотребата кон ЕК, а СДС и ДУИ не успеале да ги наплатат од правното лице се доказ за неуспешноста и несериозноста на СДС и ДУИ  кон државните ресурси и европските средства.

Со самото тоа СДС и ДУИ и нанесоа сериозна финансиска штета на Македонија и буџетот.

Штетите од владеењето на СДС и ДУИ се огромни, а јавноста допрва ќе има можност тоа да го види.