Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица во тек е интервентно чистење и дезинфекција на базените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонска Каменица во тек е интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи од системот за водоснабдување. Со активноста, како што соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски, се опфатени сите приградски населени места во Стара Каменица и во село Дулица.

-Претходно, од страна на ЈП Камена Река, беше уреден и дополнително заштитен зафатот за вода на местото Јуручки гробишта во село Цера, активност со која успеавме значително да ги подобриме условите за постојано обезбедување на чиста и здрава вода за пиење, соопшти Атанасовски.

Сите овие работни активности, како што додаде, се спроведуваат во рамки на подготовките за пуштање во употреба на новата филтер станица во село Цера.

Реклама

-Новата филтер станица во село Цера веќе е инсталирана и ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на подготвителните работи. Со овој проект, потврдуваме дека грижата за здравјето на граѓаните во сите населени места е приоритет во нашето работење, додаде Атанасовски.

Потенцираше дека Општината ќе продолжи да вложува во унапредување на снабдувањето со квалитетна вода за пиење на сите жители на општина Македонска Каменица.