Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Свет

Трамп го составува тимот – дали Илон Маск ќе биде дел од новата американска администрација?

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го започнува процесот на избор на членови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го започнува процесот на избор на членови на неговата администрација за вториот мандат во Белата куќа.

За време на претседателската кампања, Трамп избегнуваше директно да потврди какви било назначувања во неговата администрација, но честопати навестуваше кој би можел да биде дел од неговиот близок круг.

Изборот на Трамп за позициите во Владата, пошироката администрација и советодавните улоги се очекува да бидат објавени во наредните денови и недели додека неговиот транзициски тим се подготвува за републиканското враќање во Белата куќа во јануари.

Реклама

Се споменуваат неколку имиња кои би биле можен избор на Трамп за негови соработници. Меѓу нив технолошкиот милијардер Илон Маск, двајцата синови на Трамп кои беа истакнати во кампањата Дон Џуниор и Ерик, поранешниот директор и државен секретар на ЦИА, Мајк Помпео, човекот од доверба на Трамп, Ричард Гренел, како и сенаторот од Флорида, Марко Рубио.