Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одговори потврдно на прашањето дали ќе има повисоки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одговори потврдно на прашањето дали ќе има повисоки плати во образованието.

-Да, од овој месец треба платата во основното и во средното образование да биде повисока за пет проценти. Мислам сега на таа во ноември за октомври што е исплатена, појасни премиерот, по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Тој додаде дека во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни седум проценти. Во април 2026 година, од 7 ипол до 10 проценти, како што посочи премиерот, во зависност од кондицијата на буџетот.

Реклама

-Април за март 2027 година, повторно 7 ипол до 10 отсто и веќе април 2028 за март 2028 година -од 10 до 12 ипол проценти. Така што, минимум во овој дијапазон временски, платата ќе биде на просечна во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 отсто, што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво, истакна премиерот.

Тој смета дека не е доволно, но тоа било во рамките на можностите.

-Бидејќи во моментот, ако просечната плата во државата е повеќе од 41 илјада денари, во образованието е 9 илјади денари помалку, околу 32 илјади денари, додаде Мицкоски.