Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Тошковски: Црвениот крст како организација има капацитети и посветеност да биде реален и релевантен партнер на државните органи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше и се обрати на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше и се обрати на конференцијата „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“ во организација на Црвениот Крст на Македонија.

Министерот Тошковски истакна дека за бидеме поуспешни и повеќе подготвени за предизвиците кои доаѓаат, а кои ќе бидат се почести и ќе оставаат посериозни последици по животот и имотот на граѓаните, но и по развојот на човештвото во целина, потребна е визија која ќе ги надмине досегашните граници на подготвеност, која ќе ја стави соработката високо на агендата на донесувачите на одлуки и која ќе овозможи заеднички одговор на заедничките предизвици.

„Токму во време кога се подготвува новиот пристап за управувањето со кризи во нашата држава, а како активен учесник во креирањето и спроведувањето на хумани политики, за поздравување е што Црвениот крст ја изразува својата подготвеност за поддршка и посветеност на реформите кои ќе го зајакнат системот и ќе го направат поотпорен на кризи и катастрофи. Остварените резултати во минатото го позиционираат Црвениот крст како организација која има капацитети и посветеност да биде реален и релевантен партнер на државните органи, на институциите и на граѓаните, во справувањето со кризи, кризни состојби и катастрофи, но и да развива корисни политики и практики во мирновременски услови. Минатото и сегашноста на организацијата, пак, претставуваат силна обврска и поттик за уште поголеми резултати во иднина, со чие остварување ќе продолжиме да бидеме стабилни и подготвени за сите предизвици кои ги носи современото живеење.“ потенцираше министерот Тошковски.

Реклама

Тошковски нагласи дека министерството за внатрешни работи кое е една од институциите столбови на безбедноста и сигурноста на граѓаните и општеството, институционалната меморија сведочи за долгогодишна успешна соработка и партнерство на двете институции во најголемите периоди на разни видови кризни ситуации и секогаш кога имало таква потреба.

„Уште ни се свежи сеќавања на поплавите од 2016 година, но и на пожарите кои секоја година се голем предизвик за сите нас, на КОВИД кризата која предизвика повеќеслојна криза која мораше да се решава со заеднички напори и добра координација на сите институции во која Црвениот крст одигра исклучителна улога“, рече Тошковски.

Тошковски на крај изрази уверување дека преку продлабочувањето на меѓусебната соработка, ќе успееме да придонесеме за јакнење на отпорноста пред сериозните предизвици и ќе го унапредуваме системот чија водечка цел е заштита на граѓаните и на имотот, благосостојбата и сигурноста.