Реклама
Прилози

ЕСМ, МЕПСО, Фoнд за иновации, државни институции – Стотици милиони евра исцицани само од овие афери

Струмичанецот Крмзов и криминалот од 15 милиони евра, два милиони евра злоупотребени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струмичанецот Крмзов и криминалот од 15 милиони евра, два милиони евра злоупотребени од екс раководоството на Мепсо за спонсори на  спортски клубови, 70 милиони евра во канта за менување на трасата на автопатот Скопје – Блаце и уште 3, 2 милиони евра потрошени од касата на Фондот за иновации за фантом проекти.

Речиси половина милион евра државни пари злоупотребила и поранешната министерка за култура Костадиновска Стојчевска за изградбата на Универзална сала.

За само два месеци, во јавноста излегоа афери за злоупотреби на 100 милиони евра од државниот буџет од страна на двоецот СДСМ и ДУИ. Обвинителството е тромаво во постапувањето на аферите за украдени државни пари. Уште ги чешлаат ревизорските извештаи, тераат предистраги и чекаат на нови кривични пријави. За ниту еден скандал не отворија истрага по допрен глас ниту некој заврши во притвор.

Реклама

Проектот за изведба на автопатот Скопје-Блаце е опфатен со извештај на Државниот завод за ревизија врз основа на кој се вршат проверки од Основното јавно обвинителство Скопје.

За МЕПСО до овој момент нема кривична пријава.

Отворена е постапка против поранешната министерка за култура, но во интерес на истрагата во моментов не може да дадеме повеќе информации во врска со случајот, велат од Јавното обвинителство.

Според последните информации, Обвинителство за организиран криминал се уште го чува случајот за бизнисменот и кум на Вице Заев, струмичанецот Крмзов во предистрага. Обвинителите се уште утврдуваат дали воопшто постои сомнение за кривично дело. Се анализира дали бизнисменот со помош на УЈП, финансиска и Царина затаил данок и шверцал брендирана роба со што ја оштетил државата за неверојатни 15 милиони евра.

Сѐ уште трае предистражната постапка во рамките на која се обезбедува дополнителна документација и се вршат анализи, велат од ОЈО ГОК.

Последниот скандал поврзан со Мепсо е вреден речиси 2 милиони евра. Фитнес и спортски  се офајдиле со милиони државни пари од касата на МЕПСО за донации и спонзорства.Претходно, власта обвини дека МЕПСО отпиша долг од 14 милиони евра оти должници се синот на Муса Џафери и други фирми блиски на СДСМ и ДУИ.