Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Подобар здравствен систем, социјална заштита, стабилен пензиски фонд – власта  со план да го опорави системот

Подобар здравствен систем, социјална заштита, стабилен пензиски фонд – Владата го опоравува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобар здравствен систем, социјална заштита, стабилен пензиски фонд – Владата го опоравува системот.

Во изминатите четири месеци се донеле значајни одлуки за подобрување на здравството. Министерот Таравари на трибината „100% Посветено за тебе“ со фокус на социјалната и здравствената заштита во нашето општество, информираше дека има интерес од доктори кои работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство. До декември ќе бидат вработени  300 приватни специјализанти, а уште 300 следната година.  Она што е од значаен интерес на граѓаните дека е проширена позитивната листа, а се разгледува можноста и за нова.

Мора да се сузбие криминалот и корупцијата за да има напредок во здравството. Директорот на ФЗО Сашо Клековски Фондот вели дека институцијата сега има сопствен буџет од околу 780 милиони евра, а исто е овозможено намалување на долговите на јавните здравствени установи.  Клековски се надева дека со финансиска дисциплина ќе се намалат цените на лековите:

Реклама

Затекната е катастрофална состојба во ПИОМ. Покрај лошата финансиска состојба, проблем има и со кадровски решенија. Во одредени филијали нема доволно вработени, а во минатото се давало овластување на вработени за работно место за кое не биле квалификувани, за ова институцијата заработила над 400 тужби од вработените. Има и кривични пријави за поранешни директори. Новиот директор најавува модернизација и трансформација на ПИОМ.

Една од најголемата болка на родителите е долгото чекање за упис на децата во градинка. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани вели дека се работи на доизградба и изградба на 15 градинки со што ќе се зголеми капацитетот за 1397 деца

Инаку, до 2028 се планирани над 25 градинки, а покрај капиталните инвестици се работи и на зајакнување на стручниот кадар во градинките.