Реклама
Македонија

Нoва опрема за депонијата Дрисла за да се намали загадувањето во Скопје

Дрисла повеќе нема да биде еден од главните загадувачи на Скопје. Депонијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дрисла повеќе нема да биде еден од главните загадувачи на Скопје. Депонијата ќе се модернизира. Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити најави нова прочистителна станица и печка  според европските стандарди. Според Меџити, министерството ги прави сите напори за унапредување на условите, а го очекува истото и од раководството на депонијата.

,,Ние ќе помогнеме. Разговаравме отворено со директорот и неговиот тим, како и со директорот на Државниот инспекторат за животна средина и другите кометентни институции од ресорот животна средина. Разговаравме за интегрираната дозвола која ние ја издаваме, таа е условена со конкретни чекори, конкретни инвестиции, депонијата мора да биде во функција на граѓаните, со високи стандарди,, кажа Изет Меџити.

Од Дрисла потврдија дека е започната постапка за набавка на прочистителна станица и печка, но и опрема која е специфична за третман на медицински отпад. Директорот на Дрисла најави и инфраструктурни зафати во рамки на депонијата, со кои ќе се обезбедат подобри услови за работа.

Реклама

,,Во планот за јавни набавки, пред се како што кажа министерот ние подготвуваме спецификација за набавка на прочистителна станица, и изготвување на техничка спецификација за набавка на инсцелератор за уништување на медицински отпад,, изјави Ненад Јосевски в.д директор на Дрисла.

Ќе се решава и проблемот со водата од Маркова Река, за која жителите на Батинце обвинуваат дека е загадена, како последица на работењето на Дрисла. Од инспекторатот за животна средина и просторно планирање потврдија дека се земени мостри од водата на реката и дека се испратени на ипитување во акдредитирана лабораторија. Во врска со овој случај преземени се мерки и поднесена е пријава против ЈП Дрисла и очекуваат да во најскоро време да се надмине проблемот.

,,Се случила хаварија на Маркова Река, не е точно дека резултатите не се објавени, наши инспектори имаат земено мостри и предадени се во акредитирана лабораторија која ги врши испитувањата, има надминување и за истото има прекршочна пријава која е на суд,, прецизираше Ивана Гиновска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Како проблем во надминувањето на состојбите во Дрисла, со која раководи Град Скопје, не може да исклучат и честите  промени во раководството на депониајта. Во досегашниот градоначалнички мандат на Данела Арсовска, тројца директори на Дрисла, беа разрешени или сами си поднесоа оставка.

Даниел Ѓорѓевки