Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

И келнерите и куварите од Азија избегаа од Охрид, туристичките центри пак немаат кадар

Поради недостаток на кадар туристичкиот сектор тоне, македонските туристички центри принудени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради недостаток на кадар туристичкиот сектор тоне, македонските туристички центри принудени се да импровизираат со неквалификуван кадар. Сопствениците на хотелско-угостителските објекти кои очекуваа улогата на келнери и кувари да им ја доверуваат на странци,извисија.Добар дел од персоналот кој им стигна од Јужна и Југоисточна Азија,дојде и замина во Европа.Експертите по туризам од почеток имаа негативен став околу носење на странски кадар,се обистинија нивните укажувања дека ова не само што нема да го реши проблемот,туку ќе отвори нови рани.

”Не е работата само да се решаваат ад хок стихијно проблемите, треба да се пристапи кон темелно решавање на овој стравичен проблем бидејќи сведоци сме дека Република Македонија не е веќе преку 2 милиони жители ,туку 1,8. Таа тендеција оди во негативен тренд,имаме пораст на иселувањата.Да направиме атмосфера тие идни генерации да се чувствуваат лагодно во својата кожа”-вели проф.Климент Наумов-Ф.Т.У, Охрид.

 “Ако немаме доволно квалификуван кадар тогаш најчесто се случува многу ресторани да стават клуч на врата. Тоа го има и во Хрватска,каде доаѓа кадар од Македонија.Сопствениците на угостителските објекти треба да ги платат добро луѓето. Јас своевремно кога работев во Загреб во еден хотел земав поголема плата од генералниот директор”-вели Стево Карапанџа.

Реклама

Туристичкиот сектор се покажа дека е прилично нестабилен,бидејќи секој мисли дека може да има хотел или ресторант, а некој да му аргатува за без пари.Поради тоа, голем дел од младите се обидуваат својот работен капацитет да го продадат на пазарите во регионов. Во секорот туризам во Македонија беа вработени околу 25.000 луѓе,но последниве години,повеќето од нив заминаа на работа во странство.

„Мојата порака е останете во својата земја, сакајте ја вашата татковина. Македонија  ве образува, ја чините оваа земја скапо,  останете тука како ние во нашите земји“.-вели Драгица Лукин од Хрватска.

Хотелиерите имаат потреба од илјадници вработувања,лани дури над 30 хотели од Охрид и Струга пријавиле недостаток на персонал.

Росица Голабоска