Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Се продлабочува проблемот со депониите во Источна Македонија

Блокади и кај Виница, најавуват тамошните жители, доколку се отвори привремена депонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блокади и кај Виница, најавуват тамошните жители, доколку се отвори привремена депонија помеѓу селата Пеклани, Блатец и Драгобраште. Вакви се најавите откако вчера на седница на Совет се изгласа на оваа локација да се депонира нивниот отпад. Денеска  Виница го достави барањето до Управата за животна средина , за одобрување на локацијата и доколку добијат позитивен одговор, се очекува најдоцна до среда да се започне со чистење на градските контејнери . Но, според директорот на виничкото комунално претпријатие, проблемот ќе стане уште посесриозен, доколку Управата, даде негативно мислење.

„Не знам на кој начин би се решил проблемот, бидејќи ние и понатаму нема да го собираме отпадот од  Виница и околните населени места. Веќе недела дена сме затрупани во ѓубре и така од една потенцијална еколошка бомба како што е во Кочани и сега на секој чекор имаме потенцијални жаришта на заразни болести„ изјави Игор Спасовски директорот на ЈКП „Солидарност„ Виница

Според Спасовски, проблемот ги надминува границите на надлежности кои ги има локалната самоуправа и затоа е потребно да се вклучи ресорното министерство.

Реклама

„Издавањето на овие решенија за времени локации не е решение. Сепак треба да го следиме проектот финансиран од ИПА фондовите и за кој државата дала гаранција дека ќе се реализира„ изјави Игор Спасовски директорот на ЈКП „Солидарност„ Виница

Веќе петти ден траат блокадите на крстосницата кај селото Бели. Граѓаните и понатаму не дозволуваат комуналните возила на кочанското јавно претпријатие да депонират смет. Во меѓувреме контејнерите во Кочани и Виница кои се преполни и од нив се шири непријатна миризба, преставуват темпирана бомба за ширење на зарази. Од неделата  со механизација интензивно се работи на  кочанската депонија. Целосно е израмнета и потрупана со над 50камиони земја, а вчера се третираше и со алги, со цел да не се пали ѓубрето.

Александра Ристевска