Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Одново почна судењето за Пендиков

Судскиот процес за тепачката на поранешниот секретар на сега згаснатото бугарско здружение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот процес за тепачката на поранешниот секретар на сега згаснатото бугарско здружение “Цар Борис Трети”, Христијан Пендиков по втор пат почна одново-овој пат  бидејќи од одржувањето на последното рочиште на 12-ти јуни, поминал законскиот рок од 90 дена.

Двајцата обвинети, Илија Спасески и Борче Ангелов кои се теретат за исто кривични дело, нанесување на тешка телесна повреда од омраза поради етничка и национална припрадност, кажаа дека не се чувстуваат виновни.

„Мојот син не е воспитан да искажува омраза кон нити една националност дотолку повеќе што во 2009-та како 11 годишно момче ми помагаше во спасувањето на бугарските туристи кога потона брод Илинден, за што јас добив орден за заслуги од бугарскиот конзулат во Битола“, сведочеше таткото на Илија.

Реклама

Одбраната бара од судот јавно како доказ да се презентира видео снимката од гостувањето на Педиков на бугарската национална телевизија. Деталите за тепачката кои ги изнел на телевизија ,не кореспондирале со она што го кажал пред органите на прогонот.

„Бидете малку трпеливи па ќе видите што е.Не можам да кажам,ќе видите ако дозволи судот да се репродуцира таа снимка ќе видите што изјавува за тој настан, а што изјавува после неговото гледање на видео снимката што ја предложи обвинителката”, вели Димитрија Цобоски, адвокат на обвинетите.

„Кажувањата,гостувањата,излегувањата пред медиуми е нешто кое што не е релевантно и кое што да бидеме искрени новинарите знаат често да го прават заради популарност или заради гледање на нивните медуми. Но тој ја искористил приликата да зборува за настанот? Тоа си е негова работа, можеби сакал да има 5 минути слава не знам. Јас го немам гледано тоа интевју и ден денес”, вели Стефан Камишевски, адвокат на Пендиков

Следното рочиште е закажано за 4 декември.До тогаш Пендиков глава не дигал од книга,желен за дипломатија, студирал меѓународни односи и човекови права, а повремено доаѓал во Охрид да ги посети своите.

Росица Голабоска