Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените

Мерката есенска кошница со која беше ограничена бруто профитната маржа во трговијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерката есенска кошница со која беше ограничена бруто профитната маржа во трговијата на мало и на големо  на 73 производи до 10 отсо завршува денес. Министерството за економија не очекува ценовен шок бидејќи не постои економска оправданост цените да бидат покачени од утре. Заменик министерот за економија Марјан Ристески  повика на одговорно однесување од страна на трговците, а доколку се забележи неоправдан пораст на цените ќе се искористат сите расположливи мерки вклучувајќи и инспекции и казни од пазарна.

Мерката ги дала очекуваните резултати, бидејќи целта била да се стабилизараат цените. Ристевски вели цените паднале во просек за 5 до 10 отсо. Во однос на податоците од ССМ дека минималната синдикална кошница за октомври е за 57 денари помалку од во септември, Ристевски посочува дека во есенската кошница се вклучени повеќе производи од во синдикалната кошница и заштедата во домаќинствата е околу 20 евра . Се Подготвува и новогодишна кошница, која ќе биде поразлична од есенската, засега не се откриваат детали, но според најавите измените ќе бидат во насока на заштита на потрошувачите.

Инаку на сила е и законот за нефер трговски практики, договорите со маркетите се  веќе потпишани и сега е период на мониторинг со што треба да се согледа дали во законот има одредени негативности . Како што вели Ристески, мониторингот ќе трае до Нова Година, па ќе се знае дали треба да има измена на дел од Законот или ќе се применува како што е првично изгласан.