Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Трошановски: Предлогот за уставни измени со одложено дејство е разумен и оперативно изводлив

На Македонија и е потребно независно судство, реформи во јавната администрација, европеизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е потребно независно судство, реформи во јавната администрација, европеизација на институциите, силна борба против корупцијата и криминалот, нов Кривичен Законик. Најновиот Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава ја нотира посветеноста кон евроинтеграциите и усогласеноста со надворешната и безбедносна политика на ЕУ. Пофалби за реформската агенда која ги опфаќа заложбите за реформи во управата, менаџирањето со јавните финансии, зелената и дигитална транзиција, развојот на приватниот сектор, заштитата на основни права и владеењето на правото.

Сепак меѓу најболните теми е состојбата во судството и високото ниво на корупција, за што експертите велат дека мора да се преземат итни мерки.

Предочена е тука таа законска измена која треба да се направи повторно. Нов Кривичен законик и сите можности за амнестија и ред други дела да се преквалификуваат. Конечно мора да се придржува владата и до законски пропишаниот процент на средства кои владата ги одвојува за судски буџет. Доказ е дека владата е посветена на судството и борба против корупција. Треба и да се донесат препораките на Оценската мисија за состојбите во судски совет. Би ја издвоил и реформата на јавната администрација, објаснува за Алфа, претседателот на Институт за демократија „Социетас цивилис“, Марко Трошановски.

Реклама

По прифаќањето на францускиот предлог од претходната владејачка структура, покрај сите обврски на патот кон ЕУ, стојат и уставните измени. Власта нема намера да направи ниту еден чекор без да има силни гаранции дека тоа ќе биде последното барање од Бугарија, па затоа настојува за уставни измени со одложено дејство. Ова според Трошановски е изводливо и не задира во методологијата на проширување.

Предлогот е сосема разумен и оперативно изводлив без да се менува ништо во прег рамка ниту во методологијата на проширување, но бара согласност од бугарска страна. Се додека Бугарија има ваква политичка ситуација, дали преодни влади или постојани избори. немаме соговорник. Кога немаме соговорник, веројатноста е мала бидејќи било кое решение ќе бара амин од Бугарија, додава Трошановски.

Во Извештајот се посочува дека земјава треба да одржува добри односи со другите земји опфатени со процесот на проширување и дека активно се вклучила во спроведувањето на Планот за раст на Западен Балкан. Да се продолжи со ангажманот за регионалните иницијативи и да се почитуваат билатералните договори.

Извештајот е за периодот од септември 2023 година до септември 2024 година и опфаќа три влади – владата на Димитар Ковачевски, техничката влада предводена од Талат Џафери, и новата на чело со Христијан Мицкоски која беше избрана на 23 јуни годинава.

Адријана Алексиеска