Реклама
Македонија

Зајкова го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени со одложено дејство

Пратеничката од  ЛДП  Моника Зајкова, која е дел, од коалицијата на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од  ЛДП  Моника Зајкова, која е дел, од коалицијата на СДСМ го поддржува, предлогот на власта – за уставни измени, со одложено дејство. ЛДП предлага измените да стапат во сила  откако сите земји членки на унијата, вклучително и  Бугарија, ќе го ратификуваат, пристапниот договор за членство на  Македонија, во Европската Унија..

– Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не не спречува ние да ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза на уставниот закон, каде што, самите предвидуваме кога измените, би стапиле на сила.

Точката 4, се однесува на тоа дека Македонија, треба да ги спроведе уставните измени, точката 6, е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција, без политичка одлука, откако ќе го завршиме процесот на уставни измени, согласно домашната процедура.

Реклама

Тоа остава можност за пошироко толкување кое не води до она – одложено дејство, за кое што зборуваме. Ако тоа ни се позициите треба да изградиме сите заедно, една државна позиција, дека еве ние сме ја завршиле нашата обврска меѓутоа, уставните измени ќе стапат на сила, откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат „ЗА“, појасни Зајкова, во телевизиско интервју.