Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Ќе се гради прва регионална депонија во земјава по европски стандарди во Мечкуевци

Распишан е меѓународниот тендер за изградба на првата регионална депонија во близина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Распишан е меѓународниот тендер за изградба на првата регионална депонија во близина на светиниколското Мечкуевци. Од Министерството за животна средина, информираат дека тендерот е распишан на 18октомври. Во наредниот период ќе се отпочне со постапка во која ќе се направи евалуација  на проектот и ќе се избере оператор кој ќе ја гради депонијата. Откако ова ќе биде завршено, депонијата која ќе опслужува околу 370.000 жители од Источниот и Североисточниот регион, ќе биде готова за две години. Со изградбата на новиот современ систем за депонирање на отпад ќе се реши и проблемот со загадувањето од Градската депонија во Кочани. Веќе втор ден еко-активисти и  граѓани го блокираат патот  кон Пониква, кој води до депонијата кај селото Бели. Не дозволуват  комуналните возила на Кочани и на околните општини да  вршат дотур на смет во Градската депонија.

  „Според мене, прво треба да се виде кој има донесено одлука за да се депонира отпадот од другите градови. Зошто они да немат депонии, а кај нас да биде колективна? Ако веќе мора да биде колективна нека биде како што треба и да не ни се случува ова што сега ни се случува„ изјави граѓанин кој протестира на регионалниот пат кон Пониква.

Градската депонија во Кочани, стана сериозен проблем за градот откако на неа почна да се исфрла и отпадот од Виница, Чешново-Облешево и Зрновци, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај Свети Николе. Поради лошата состојба и постојаното палење, веќе трет ден со механизација се чисти депонијата. Од општината најавија 24 часовен надзор, како и третман со морски алги, кој во минатото се покажа како ефикасен.

Реклама

Александра Ристевска