Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Kостадинов: Водата во Струмица е безбедна за пиење

Водата во струмица е безбедна за пиење. Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, објави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во струмица е безбедна за пиење. Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, објави дека водата од водоводната мрежа е повторно потврдена како питка.

Во објавата на неговиот фејсбук профил, Костадинов наведува дека анализите спроведени од Агенцијата за храна и ветеринарство, три акредитирани приватни лаборатории и Центарот за јавно здравје Струмица ги побиле претходните негативни резултати од Институтот за јавно здравје. Додаде дека резултатите од АХВ и независните лаборатории понудиле нова надеж за граѓаните, кои со месеци се соочуваа со забраната за употреба на водата за пиење. Костадинов истакнува дека овие анализи го потврдуваат квалитетот на водата, што е особено важно за здравјето на жителите на струмица и околните населени места.

„Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната. Останува да се седне повторно со надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана Турија„, напиша Костадинов. 

Реклама

Инаку, Струмица го доведе во прашање своето членство во ЗЕЛС, додека Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош, се премисли и останува во ЗЕЛС.