Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Охриѓани со воодушевување ја примија веста дека по цели 50 години ќе се гради автопатот од Скопје до Охрид

Изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево што ќе овозможи од метрополата до Охрид да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево што ќе овозможи од метрополата до Охрид да се стигнува за час и половина,не само што што ќе го забрза економскиот раст на земјава,ќе го подобри функционирањето на туризмот и ќе го скрати мачното и долго патување до туристичкиот центар,проблем број еден поради кој се повеќе домашни и странски гости ја избегнуваа дестинација. Ќе нема повеќе наплив на сообраќај во ек на сезоната,долгите колони автомобили,застој и чекање со часови по патиштата додека да се стигне до Охрид. Веста дека после 50 години,конечно со засилено темпо почнува изградба на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево како најтешкиот дел од коридорот 8, беше поздравена од охриѓани но и туристите кои ги затекнавме на ривиерата.

–“ Мислам дека три часа патувавме од Скопје до Охрид,дојдовме со рент а кар преку Битола,ни рекоа дека е подобар патот.Ако се подобрат патиштата,можеби ќе дојдеме пак; – Десет часа патувавме од Босна до Охрид. Ако го исполнат ветувањето за час и пол да се стигнува од Скопје до Охрид ќе биде одлично, секоја чест; –За Охрид сигурно ќе значи дека ќе имаме поголем туризам,очекуваме повеќе туристи и тоа е за доброто на Охрид. Ние бевме пред две недели со две деца, искрено беше многу долг патот, имаше доста застои и беше тешок да речам.Доколку би бил автопатот за чат и четриесет минути би било одлично; – Голема предност за сите што побрзо да стигнат и што повеќе  народ да дојде. Големи поплаки од сите што доаѓаат од Скопје, од други држави странски туристи дека инфраструктурата ни е катастрофа; – Сите ќе бидат задоволни ако патот се скрати на тој начин”

 Поради ужасно лошиот пат,Кичево-Охрид кој претходната влада не успеа да го изгради една деценија, странците не само што не одбегнуваа ,туку не помислуваа да поминат низ нашата држава, транзитираат преку јужна Албанија. И покрај бројните проблеми,очекувањата се дека по овој автопат ќе се вози до крајот на 2026-та. Туристичките работници повеќе нема да се црвенеат пред странците кои по долг низ години одлучиле повторно да го посетат Охрид желни да уживаат во убавините.

Реклама

Инаку автопатите од коридорите 8 и 10д кои сега ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ се во должина од 110 километри и чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат завршени за 4 години.

Росица Голабоска