Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

СДС демолирана – наместо да шират дезинформации, конечно да започнат со консолидација на партијата

СДС демолирана, наместо да шират дезинформации време е конечно да започнат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС демолирана, наместо да шират дезинформации време е конечно да започнат со консолидација на партијата. Наводниот скандал за кој тврди СДС во ЈПДП за 40 те возила кои се пропуштени без да платат патарина е хуманитарен конвој кој години наназад, откако почнал поминувал без да плати патарина. Тоа било пракса и тоа СДС добро го знаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС прво да ги научи правните норми и прописи по кои работи ЈПДП, да ги разберат, да научат да ги толкуваат, за потоа да можат да увидат дали постои прекршување, злоупотреби или евентуално простор за санкции, за да не се сведуваат на ниво на шпекулации и „лов во матно“.

Јавното претпријатие Државни патишта работи според сите законски прописи и за 4 месеци направи повеќе отколку СДС за 7 години.

Реклама

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 4 месеци направи повеќе отколку СДС и ДУИ за 7 години и тоа народот го гледа на дело.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно работи за конечно државата да стане домаќин на три раскрсници, транспортна, железничка и енергетска. Приоритет на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација и градење на институциите и инфраструктурата.

Наместо да манипулираат и шират дезинформации, СДС треба сериозно да се зафати да си ја консолидираат партијата и да не шират шпекулации, стои во партиската реакција.