Реклама
Македонија

Слаб одзив кај бугарските граѓани во Македонија

Слаб одзив кај бугарските граѓани во Македонија. На петте избирачки места гласале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слаб одзив кај бугарските граѓани во Македонија. На петте избирачки места гласале само 327 лица во Македонија. Ваквиот исход е многу сомнителен бидејќи на пописот имаше 3500 Бугари.

Останува прашањето каде се останатите лица кои се декларирале како Бугари и дали тоа го направиле заради понатамошна корист. Според досегашните информации, правото на глас во странство го искористиле 146.952 лица.

Според информациите на бугарските дипломатско-конзуларни претставништва, сите избирачки места ширум светот веќе ја завршиле работата и ги доставиле резултатите. Бугарските медиуми потсетуваат дека бугарските граѓани имаа можност да гласаат во вкупно 719 избирачки места во 57 земји, а најголемиот број е откриен во Европа.