Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

„Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила“, превентивна активност на СВР Охрид

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид, изминатиот викенд, на подрачјето на охридските села Орман, Долно и Горно Лакочереј, како и на повеќе улици кои гравитираат кон тие населени места, ја реализираа сообраќајно едукативната кампања „Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила“.

-Кампањата доаѓа по претходни согледувања на полициските службеници дека на улицата „Радојца Новичиќ“ и низ другите улици во овие населени места, зголемен е интензитетот на сообраќај со нагласено учество на трактори со тракторски приколки и други работни приклучни мобилни машини кои во овој период ги користат земјоделците. Целта на кампањата е низ непосредна комуникација со возачите на моторни возила, да им се укаже на потребата од внимателно и совесно возење, како и строго почитување на сообраќајните знаци и другите сообраќајни правила и прописи со цел, зголемена сообраќајна безбедност, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На возачите им беа поделени летоци со едукативни практични совети за одговорно учество во сообраќајот, за потребата од прилагодена брзина според сообраќајните знаци, како предуслов за избегнување на сообраќајни незгоди, како и со казнените одредби при кршење на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Реклама

Кампањата, спроведена со поддршка на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе се реализира и на останатите подрачја што ги покрива СВР Охрид.