Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски: Ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК

„Универзитетот „Мајка Тереза“ е последен би рекол, најмлад универзитет и е дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Универзитетот „Мајка Тереза“ е последен би рекол, најмлад универзитет и е дел од образовната политика на оваа Влада. И се разбира дека треба да се поддржи и дека треба да се вложи, да се направи модерна, современа инфраструктура, и тоа не само инфраструктура, туку и добри курикулуми за настава, односно да излезат и добри студенти, затоа што само ние ќе имаме како општество бенефит од сето тоа. Но за сите оние душегрижници, да не се грижат ќе го изградиме и Универзитетот и кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, но и ќе ги завршиме двата недовршени факултети, Факултетот за информатички науки и компјутерска технологија, ФИНКИ практично, и Факултетот за физичка култура. И ќе ги довршиме сите објекти коишто долго време се споменици. Мораме тоа да го завршиме, затоа што тоа го очекуваат од нас граѓаните, бидејќи лошо делува центарот на главниот град. Мора тоа сѐ да се заврши за да имаме пристојно место за живеење, тоа го правиме. Ние нема да влегуваме во правци, во стилови на уметноста и така натаму. Сакаме да биде тоа современа, модерна градба и да завршиме конечно, енергетски ефикасна и така натаму, изјави Премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Инаку тоа што е лошо на пример ако ги погледате зградите на Факултетот ФИНКИ и за физичка култура ќе видите дека и арматурата што е вградена во бетонот почнала да се сечи, така да ќе треба таму дополнително да се интервенира исто како што и зградата на Народната банка, тука имаме и законски интервенции за да се продолжи рокот за градење. Така што еве за овие четири месеци се задвижени сите работи и очекувам во следните четири месеци и таму да имаме веќе прогрес на теренот. Сакаме да вложуваме во образованието и ќе продолжиме да вложуваме“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одвојувањето на парични средства за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, со оглед на тоа дека има реакции за ФИНКИ и ФФК кои одамна чекаат доизградба.