Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Сериозен бизнис со злоупотреба на деца – ќе ги тргне ли некој децата питачи од градските крстосници?

Бебиња и деца, сами или со родители, од утро до мрак стојат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бебиња и деца, сами или со родители, од утро до мрак стојат по скопските улици и крстосници. Некои само питачат, некои бришат шофершајбни, некои препродаваат, но сите одат од кола до кола и бараат некој денар. Ова е сериозен проблем кој се провлекува со години. Станува збор за сериозен бизнис кој злоупотребува деца, велат од невладиниот сектор. Од Здружението за заштита на граѓаните тврдат дека голем дел од децата се на сила дрогирани, малтретирани и принудувани да одат по улиците, а парите секогаш на крајот завршуваат кај возрасните.

„Секојдневно 2000 деца во Македонија, се злоупотребувани од страната на организаторите и мафијата. Тоа ќе си го преземе полицијата, судството, Јавното обвинителство, центрите, и ќе започне голема засилена акција во цела Македонија, да се отстранат сите питачи. Да се поднесат кривични пријави, да им се одземе родителското право и децата да се згрижат во згрижувачки семејства, групни домови. Децата се дрогирани, успивани со седативи, непознати седативи, тоа го потврдуваат медицинските установи од цела Македонија. Јас апелирам до граѓаните да престанат да им даваат монети, затоа што децата добиваат дебел ќотек и во износ од 50 евра кој го добиваат дневниот промет, добиваат 10 до 50 денари, дебел ќотек, а останатиот голем дел од 6.000.000 милиони денари на месечно или годишно ниво, како што направивме едно истражување, завршуваат кај големата мафија, тие средства“ вели Илија Јовановиќ, претседател на Здружение за заштита на граѓани

Никој не ја знае точната бројка на деца на улица ниту вкупната бројка на питачи во Македонија, но според невладините таа е најмалку неколку илјади. Од Канцеларијата на Народниот правобранител велат дека најголем проблем е недостатокот на дневни центри кој би ги згрижувале овие деца. Ги има само во Скопје, вкупно три, но нивниот капацитет е само за по 24-ца.

Реклама

„На улица не среќаваме само деца, туку среќаваме и нивни блиски, односно среќаваме и родители, старатели на овие деца кои наместо позитивен пример, испраќаат многу лоша порака, и лош пат за генерацијата која треба да расте, и која што треба патот, односно промената да ја гледаат во образованието. Дека проблемот со питачењето ќе го решиме преку ноќ, тоа е илузија. Но, доколку се нафатиме сериозно да го решиме коренот на проблемот, сметам дека за доследно време ќе имаме намален број на питачи, низ скопските улици, и низ улиците во поголемите градови. Имено, ние зборуваме за дневните центри за деца на улица во Скопје, а имаме деца кој што питачат, и лица кој што питачат, и во другите поголеми градови“ вели Васка Бајрамовска – Мустафа, државен советник кај Народниот правобранител

Канцеларијата на Народниот правобранител препорачува локалните самоуправи во секој град и место каде има деца на улица, сериозно да ја мапираат оваа појава и заедно со надлежните институции да ги тргнат овие деца и да им овозможат нормален раст и развој.

Исто така, се препорачува за овие семејства кои живеат во многу тешки социо-економски услови да се обезбеди постојан приход, вработување и едукација. Инаку Комитетот на ОН за правата на децата уште пред две години побара поголема заштита на децата од сите форми на сексуална и трудова злоупотреба, од дискриминација и насилство во училиштата во Македонија.

Давид Крстевски