Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Фетаи повикува на создавање заеднички фронт против криминалот

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска повика на создавање заеднички фронт против организираниот криминал и корупцијата. Зборувајќи на Стратешката работилница на меѓупартиска параламентарна група против корупција, организирана од НДИ во Скопје, Фетаи го повика Парламентот, граѓанското општество и меѓународните партнери да работат заедно со Владата за поуспешно справување со криминалот.

Тој рече дека реформската агенда, усвоена од Европската унија, е водилка во активностите на владата во борбата против криминалот и корупцијата. Во тој контекст, го спомна изготвувањето на Регистарот за евиденција на државниот имот и новата Стратегијаза јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028

Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028, кои треба да спречат злоупотреба на државниот имот и ефикасна конфискација на незаконски стекнат имот.

Реклама

Зборувајќи за подобрувањето на транспарентоста на институциите, Фетаи најави брзи резултати во спроведување на Акцискиот план за транспаретност, изработка на веб страни за јавните институции и обука за персоналот за одржување на страниците. Според него, и измените на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер одат во правец на зголемување на транспаретноста и отчетноста на институциите.

Фетаи истакна дека Владата е расположена активно дс го вклучи граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки. Како илустративен пример, го спомна именувањето на член од невладиниот сектор со право на глас во Меѓуресорското тело за координација на антикорциските активности.