Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Кочани – прва општина со паметно улично осветлување

Околу 15% помалку или 10.000 евра годишно, Општина Кочани ќе штеди струја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 15% помалку или 10.000 евра годишно, Општина Кочани ќе штеди струја од уличното осветлување. Практично, ова е првиот град во државата каде се инсталира ваков паметен систем. Уредите се поставени на 69 контролни кутии. Светилките и сензорите се прилагодуваат на интензитетот на светлина и временските услови, како  и движењата на возилата и граѓаните.

„ Администраторот од своето работно место ќе може сам да ги следи светилките и граѓаните нема да мора да се јавуват и да пријавуват доколку некоја не работи. Тоа ќе се следи од канцеларија„ изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Досегашните анализи укажуваат дека со овој систем, освен  што ќе се заштеди, заради намалување на емисиите на стакленички гасови и јаглероден моноксид, ќе се подобри и квалитетот на воздух  во градот. Истовремено ќе се стави крај и на кражбите на струја.

Реклама

  „Кога ќе има пренапони или поголема потрошувачка од потребната економскиот оператор, односно фирмата која е задолжена за одржување на уличното осветлуваање, излегува на терен и реагира на дојавата и ги отстранува евентуалните злоупотреби од системот за осветлување„ изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани

Во моментов паметниот систем, функционира само во централното градско подрачје, но во најбрзо време поради ефикасноста истиот, ќе биде инсталиран и во руралните средини. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и германското Министерство за економска соработка и развој.

Александра Ристевска