Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Средба Димитриеска-Кочоска со ИФЦ: Процесот на зелена транзиција и премин кон чиста енергија неопходен, поддршка од меѓународните финансиски институции

24 октомври 2024, Скопје – Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

24 октомври 2024, Скопје – Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ изразува интерес за проширување на својата активност во земјава, особено во областа на енергетиката и енергетската транзиција. Ова беше споделено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со регионалниот заменик-претседател на ИФЦ Алфонсо Гарсија Мора во Вашингтон.

„Инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата од фосилни горива кон чиста енергија се неопходни процеси кои бараат итна реакција на глобално ниво. Македонија како земја е дел од овие процеси и приоритет се инвестиции во енергетиката и премин кон користење обновливи извори на енергија. Тоа бара големи инвестиции за што е потребна поддршка од меѓународни кредитори и фондови, а со особен фокус на приватниот сектор“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

На средбата беше изразен интерес од страна на ИФЦ за натамошно финансирање проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, како што се централи за производство на соларна енергија, потоа проекти за декарбонизација и сл.

Реклама

Во тие рамки преку Климатскиот инвестициски фонд (CIF) на земјата ѝ стојат на располагање 80 милиони американски долари, па во таа насока е развиен Инвестициски план со цел забрзување на транзицијата од јаглен кон обновливи извори на енергија.

Покрај поддршката во јавниот сектор, ИФЦ изразија интерес и за соработка со приватниот сектор и за привлекување странски директни инвестиции, а сѐ со цел да се обезбеди позитивно влијание врз економскиот раст и развој на земјата.

Средбата со ИФЦ се одржа во рамки на посетата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во САД, каде што учествува на Годишните средби на ММФ и СБ.