Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Недостиг на кадар и стара апаратура – сериозни проблеми за здравствениот дом во Mакедонски Брод

Здравствениот дом во Македонски Брод кој опслужува околу 4.000 жители, освен што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствениот дом во Македонски Брод кој опслужува околу 4.000 жители, освен што е заглавен во долгови, подолг временски период мака мачи и со недостигот од персонал, но и со застарената апаратура. Најмалку  двајца општи лекари, неколку медицински сестри, како и тројца возачи за во Службата за Итна помош итно и’ се потребни на оваа јавна здравствена установа, вели в.д. директорот Буде Мојсоски.

„Во моментов имаме недостаток на медицински кадар, и медицински сестри, и доктори. Доктори имаме недостаток поради фактот што, по мое мислење, неплански се испратени одеднаш повеќе специјализанти. Значи, во моментов има осум специјализанти, а биле 11 пред некое време..Исто така имаме недостиг на шофери поради заминување во пензија“, – посочува Буде Мојсоски, в.д. директор на ЈЗУ Здравствен дом, Македонски Брод.

Од друга страна, и покрај тоа што во Домот ги има речиси сите специјалистички амбуланти со вкупно 12 доктори, сепак, загрижувачки проблем е застарената дијагностичка апаратура, во која со години ништо не било инвестирано.

Реклама

„Апаратурата сета што е, е застарена. Во „Рентген“ се бара дигитализација на рентген-апаратот што е за снимање, исто и ехото за снимање, и тоа е многу старо и е многу тешко за работа. А исто така и специјализантиве кои што веќе привршуваат, во Гинекологија треба да се опреми сега, оти во Гинеколошкото немаме ништо снабдено. И во „Очно“, исто така, при крај е специјализантот…На тоа треба да се мисли. Немаме средства“, – објаснува Мојсоски.

Со цел надминување на овие незавидни состојбите, Мојсоски вели дека веќе доставиле неколку барања до ресорното Министерство и за вработување на потребниот персонал и за набавака на нова апаратура, и сега се во очекување на повратниот одговор оттаму.

Инаку, во моментов, овој Здравствен дом има долг од околу 3,5 милиони денари, наследен од претходното раководство, како и подолга низа од детектирани дубиози кои укажуваат на крајно недомаќинско работење и финансиски злоупотреби кои се случувале во изминативе години и кои надлежните органи веќе ги истражуваат.

Каролина Дурло