Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Струшката болница должи два милиони евра – претходното раководство не плаќало ни сметки ни фактури

Удавена со долг од околу 2 милиони евра, со блокирана жиро сметка,новото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Удавена со долг од околу 2 милиони евра, со блокирана жиро сметка,новото раководство ја затекнало струшката општа болница пред колапс. Со години не се плаќале сметки,најстарите фактури кои наместо да се подмират,фаќале прашина во фиоки,датирале од 2019-та  година, па така долгот на болницата достигнал милионски суми изразени во евра. Затекнавме катастрофално лоша состојба и финансиски хаос вели директорот на болницата Владимир Бунчески.Тој откри на кој начин и како претходното раководство наоѓало пари за плати, цицајќи ги до денар сретствата од буџетот на болницата. 

 “Видете во тие два милиони евра голем дел отпаѓа на камати за застарени сметки и плаќање адвокати и извршители. Како функционирала? Си има определени средства кои доаѓаат од Фондот за здравство и кои не се предмет на блокирање за да се исплатат плати и придонеси и разни одбитоци. И она што ќе остане од тие средства се користи за плаќање кон коминтентни и други средства од партиципзации и од придонеси од наши сопствени активности“ -вели д-р Владимир Бунчески,директор на Општа болница Струга.

Веднаш превзедовме мерки за одблокирање на жиро сметката преку спогодби со доверителите и репрограмирање на долговите и нивно исплаќање. Воведовме вели Бунчески строга финансиска дисциплина,внимавајќи при тоа да се платат најстарите факутирани долгови кои до тогаш се плаќале и паушално.И не се само долговите проблем,директорот затекнал превработеност.Партиски кадри се вдомувале во болницата.

Реклама

 “Претходната гарнитира на власт имаше навистина таму и каде што треба и каде што не треба вработувано личности со договор на дело.Oва е медицина каде што треба работа,каде што не може нов кадар да ги спремиш за еден два дена, па да го замени тој стариот искусен кадар од која сака партија нека биди тој “-вели Бунчески.

За да застане болницата на здрави нозе, раководството добило ветување од ресорното министерство дека финасиски ќе им помогнат да се спасат од долговите.Поради недостатокот на кадар во охридската и останатите болници во регионот,во општата болница во Струга се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион.

Росица Глобоска