Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Формирана неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција, за копретседавачи избрани Соња Мираковска и Љупчо Пренџов

Во Собранието денеска се формираше неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се формираше неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција. За копретседавачи избрани се пратениците Соња Мираковска од Нова социјалдемократска партија и Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ. На оваа група се приклучиле 53 пратеници од сите политички и парламентарни групи.

Националниот демократски институт (НДИ) учествуваше во изработката на правилата за работа на Интерпарламентарната група.

Мираковска очекува оваа Интерпарламентарна група да стане значајна алатка на Собранието во заложбите за сузбивање на корупцијата. Во иднина, како што рече таа, групата би се фокусирала пред се на подобрување на законските решенија во областите во коишто има и постои ризик од корупција.

Реклама

– Дека може да биде силна покажува интересот на пратениците кои членуваат во оваа група. Ова група ќе ја следи ефикасноста на институциите кои се задолжени за борба против корупцијата, како и да предлага и да учествува во надзор над институциите со цел да се зголеми нивната транспарентност и отчетност. Очекуваме вклучување и поддршка на граѓанскиот сектор, но и на институциите кои се задолжени за борба против корупцијата за да можеме заедно да го планираме и да го реализираме овој процес, рече Мираковска.

Потенцира дека Собранието мора да има проактивна улога во борбата против корупцијата оти ова појава, како што рече, ја нарушува довербата на граѓаните во целиот државен апарат.

– За жал, корупцијата е појава во општеството која има тенденција да го загрози правниот поредок и животот и благосостојбата на граѓаните. Таа нема припадност, нема боја, лесно прилагодлива и лесно се калени на моќта. На секој чекор слушаме за корупција, слушаме за предупредувања за законски решенија кои не се отпорни на корупција, за јавни набавки кои овозможуваат корупција, како и примери за навлезеноста на корупцијата во многу сфери на општеството. Ова појава со право ја нарушува довербата на граѓаните на целиот државен апарат. Собранието мора да има проактивна улога во борбата против корупцијата, рече Мираковска.

Според Лидија Зафировска од Национален демократски институт (НДИ), вакви случаи на Интерпарламентарна група има многу малку во светот. Напомена дека ваква интерпарламентарна група има во Конгресот, формирана неодамна од страна на претседателот Џо Бајден, но и во Европскиот парламент.

– Сите во вашите програми напишавте и се обврзавте дека на граѓаните кои што минимум 56 проценти во предизборието кажаа дека од новата влада очекуваат да го реши ова горливо прашање за борба за организираниот криминал и корупција, дека ќе дадете проминентно учество во овој напор, бидејќи во нашите анализи и дневната соработка со Собранието, видовме дека практично таа улога на Собранието е малку непроминентна значи се одвива во втор план, рече Зафировска.