Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Средба Муцунски-Дрекслер

Во овој контекст, министерот Муцунски додаде дека земјата останува силно посветена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овој контекст, министерот Муцунски додаде дека земјата останува силно посветена на исполнување на неопходниот реформски процес за членството во Европската унија.

Денес, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ја прими на средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се одликуваат со редовен политички дијалог и интензивна размена на посети на високо ниво во изминатиот период.

Реклама

На таа линија, беше изразено задоволство од неодамна одржаната средба на министерот Муцунски со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок во Берлин, на која беа поздравени одличните билатерални релации и реафирмирана германската поддршка за нашиот европски процес.

Посебно беше нагласена важноста од натамошно унапредување на меѓусебната соработка во рамки на евро-интегративниот процес на нашата земја и продолжување на цврстата поддршка на Германија на тој пат.

Во овој контекст, министерот Муцунски додаде дека земјата останува силно посветена на исполнување на неопходниот реформски процес за членството во Европската унија.