Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите носат економски раст и повисок животен стандард

„Поддршка на реализација на реални инвестиции е основата на која се заснова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Поддршка на реализација на реални инвестиции е основата на која се заснова концептот на новата Влада за повисок економски раст и повисок животен стандард, кој е пресликан и во буџетот за 2025 година, a којшто е во фаза на подготовка“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денска на првата трибина од Платформата 100 % за тебе.

„Квалитетен и подобар животен стандард не подразбира само пораст на платите, туку подобрување во сите сегменти, односно тоа значи и подобра економија, подобро здравство, инфраструктура“, рече министерката.

Таа додаде дека во изминатите години видовме концепт којшто се темелеше на потрошувачка, за кој се потрошија стотици милини евра, а немаше ефект. Според министерката, се зависи од концептот и дека е најважно работите да се гледаат суштински и реално.

Реклама

„Без реални инвестиции нема раст. Кога го менуваме концептот размислуваме што може да даде побрзи резултати и врз основа на анализите одлучивме да дадеме поддршка на општините, затоа што тие имаа готови проекти коишто ќе дадат побрзо ефекти. Тоа се реални инвестиции и тие ќе дадат резултат и врз растот на БДП, на што исто така влијание ќе имаат и инвестициите во приватниот сектор за што се предвидени 250 милиони евра од унгарскиот заем“, рече министерката и додаде дека ваквиот модел значи повисок животен стандард.
На трибината се осврна и на состојбата на буџетот при што посочи дека јавните финансии се стабилни, но дека сè уште го оптеретуваат буџетот извршни решенија и камати.